Беко ги презема Железници Србија

Српскиот тајкун, Милан Беко изјави дека ја прифатил понудата на српскиот премиер Александар ВУчиќ за преземање и управување на Јавното претпријатије „Железници“ Србија.

Весникот „Блиц“, наведува дека во текот на следната недела Беко ќе биде поставен за в.д. директор на претпријатието.

„Не знам дали ќе бидам избран, но не можев да ја одбијам понудата на премиерот Вучиќ“, вели Беко за „Блиц“.

Милан Беко е познат во јавноста како еден од сопствениците на блеградската медиумска куќа „Новости“, а е и кум на покојниот премиер Зоран Ѓинѓиќ.