„Бела книга“ на Советот на странски инвеститори

Прво печатено издание на „Белата книга“ на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ќе биде промовирано денеска во Скопје.

– „Белата книга“ е добра можност да се види како компаниите со странски капитал во земјава ја перцепираат бизнис климата во државата, со какви предизвици се соочуваат при водење бизнис и следствено на тоа кои се нивните препораки и насоки на делување со цел доближување до најдобрите светски практики и принципи на работење во земјите од каде што и самите доаѓаат, соопштува Советот на странски инвеститори.

На промоцијата на „Белата книга“ е најавено присуство на членови на Советот, на Владата и на претставници на странските амбасади во земјава.

фото: МИА