Бела куќа: Американската позиција за екстрадицијата на Ѓулен останува непроменета

ѓулен

Нема никаква промена (во контекс на прашањето), посочи претставникот на Белата куќа, кој бил замолен да ја прокоментира изјавата на турскиот премиер Бинали Јилдерим, кој претходно денеска кажа дека администрацијата на Доналд Трамп, се чини, позитивно гледа на прашањето за екстрадицијата на Ѓулен.

Претходно турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, изјави дека верува дека Трамп нема да ги направи истите грешки како администрацијата на Барак Обама во односите со Турција.

Чавушоглу изјави дека Турција очекува Вашингтон да го екстрадира исламскиот проповедник Фетула Ѓулен и да ја прекине соработката со сириските курдски Сили за заштита на народот (СЗН).

До овој момент нема официјална изјава од страна на Трамп или на други претставници на американската администрација за прашањето за Ѓулен, забележува ТАСС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.