Бела ноќ ќе се одржи на 3. октомври во Скопје

Годинешното единаесетто издание на манифестацијата Бела ноќ ќе се одржи на 3. октомври низ градот Скопје.
Како и минатите десет изданија, така и оваа година ќе има безброј изложби, перформанси, инсталации, концерти, бесплатен филмски маратон во Кино Милениум… и мултимедијален спектакл.

На плоштадот ПЕЛА ќе настапи спектакуларниот мултимедијален колектив THE STROJ! Силни ритмови, индустриски звук, уникатен аудиовизуелен перформанс.
Пред спектаклот на THE STROJ, скопската публика ќе ја загреат THE PROTAGONIST.

Отворени тематски изложби ќе има во речиси сите галерии низ градот, огромна изложба во Музејот на Македонија насловена „Црвен петел – црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања” дополнета со настап на групата Џоломари од селото Бегниште – василичарски обред со маски.
Концерт на струшките легенди од осумдесетите ТЕЛО НАУКА СОВРШЕНА на платото пред МКЦ, заедно со Палиндром, Милко, Фуснота и гостите од Тирана Tajcido, уметничкиот перформанс „Времено 52′ ” на Антони Мазневски…
Воедно за време на манифестацијата Бела ноќ ќе има 24 часовен бесплатен филмски маратон во Градско Кино Милениум, како и бесплатен превоз со автобусите на ЈСП.