Белата куќа ги обвини демократите и медиумите за конструкции и злоупотреба на девојченце

Јohn Moore / Getty Images

По повеќенеделните критики на сметка на раздвојувањето на семејствата на нелегалните имигранти во САД, Белата куќа во петокот ја обвини Демократската партија и одредени медиуми дека злоупотребиле фотографија на расплакано мало девојченце од Хондурас на американско-мексиканската граница за промовирање на сопствените политички агенди, имајќи предвид дека девојченцето и нејзината мајка воопшто не се раздвоени.

Десетици дневни весници и магазини критички настроени кон републиканскиот претседател Доналд Трамп уште од периодот на изборната кампања во 2016 година, ја пренесоа споменатата фотографија направена од фоторепортерот Џонн Мур за сервисот Getty Images којашто предизвика загрозување и гнев, како и во САД, така кои во странство, со жестоки критики за практиката да се раздвојуваат децата од семејствата кои чекаат на постапка поради нелегално минување на границата. Претседателот Трамп во средата го потпиша извршниот указ според кој децата не смеат да се раздвојуваат од семејството иако нелегално ја минале границата. Исто така, според уредбата ќе се организира и згрижување на децата кои на територијата на САД влегле без придружба на возрасни и без лични документи.

Во текстот кој ја проследуваше спорната фотографија од 12-ти јуни пишуваше дека двегодишното девојченце од Хондурас плаче додека нејзината мајка е во постапка на одредување притвор. Пишуваше, исто така, дека притворот би можел да резултира со можно раздвојување. Не беше напишано дека тоа се случило, но интенцијата беше очигледна и ја постигна целта предизвикувајќи ги жестоките критики.

„Срамно е што демократите и медиумите искористуваат фотографија на мало дете за промовирање на сопствените агенди. Таа не беше раздвоена од својата мајка. Тика стануваше збор за раздвојување од фактите. Демократите би требало да му се придружат на претседателот и да го поправат имиграцискиот систем кој е лош“, порача преку Twitter портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс

Фотографијата, меѓу другите, ја пренесоа и влијателните The Time и The Washington Post. На насловната страница од оваа седмица со насловот „Добредојдовте во Америка“ списанието The Time ја стави фотографијата со девојченцето со фотографија на претседателот Трамп како гледа надолу на неа. Во петокот магазинот објави исправка, наведувајќи дека написот неточно навел што се случило со девојченцето на фотографијата, дена додека плачела и врескала не ја однеле агенти од граничната полиција, туку дека ја земала нејзината мајка и оти биле одведени заедно.

Во Хондурас, извесен Денис Валера изјави во четвртокот дека неговата ќеркичка и нејзината мајка Сандра Санчез се притворени заедно во МекАлен, каде што Санчез побарала азил. Додал дека Санчез и нејзината ќерка заминале од Пуерто Корез, пристаниште северно од хондурашката престолнина Тегусигалпа, а оти притоа не му рекла за тоа ниту нему, ниту да другите нивни три деца.

Трамп уште во текот на предизборната кампања и веднаш по изборите ја обвини Демократската партија дека ги злоупотребува имигрантите, а потоа беа откриени неколку милиони гласови на лица коишто гласале за нивната кандидатка Хилари Клонтон а кои немале право да гласаат. .

„Не можеме да дозволиме нашата земја да ја прегазат илегалните имигранти додека демократите ги раскажуваат своите лажни приказни за тага и жал, надевајќи се дека ќе им помогнат на изборите (во ноември)“ за конгресот, напиша во петокот Трамп на својот микроблог.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.