сабота, 14 јануари 2017  |  Вести денес: 32

Белата куќа го осуди нападот во Истанбул

Претседателот на САД во заминување Барак Обама изрази сочувство за загубата на невини човечки животи и му нареди на својот тим да им пружи помош на турските власти доколку имаат потреба од тоа, изјави портпаролот Ерик Шулц.

bela-kuka

Последни вести

– Белата куќа остро го осуди нападот во Истанбул и повторно ја потврди поддршката за Турција во борбата против тероризмот.

Претседателот на САД во заминување Барак Обама изрази сочувство за загубата на невини човечки животи и му нареди на својот тим да им пружи помош на турските власти доколку имаат потреба од тоа, изјави портпаролот Ерик Шулц.

Претседателот, кој е на одмор на Хаваите, бил информиран од советниците за национална безбедност за нападот во Истанбул, во кој загинаа 39 лица.

– Нашите мисли се со жртвите и нивните блиски. Продолжуваме да работиме за спречување на оваа трагедија, напиша на Твитер високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.

Сочувство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на семејствата на загинатите им изрази и азербејџансиот претседател Илхам Алиев.

Најчитани вести