Белата куќа им се потсмева на кинеските закани во врска со трговијата

Економскиот советник на Белата куќа им се потсмеваше во петокот на новите закани кои доаѓаат од Кина дела ќе воведе противмерки во вид на казнени царини за американски производи и стоки во вредност од 60 милијарди долари, велејќи дека втората по размери економија во светот го губи залетот.

Како одговор на неодамнешните закани од Вашингтон дела за дополнителни 10 до 25 отсто ќе ги зголеми царините на увозот од Кина во вредност од 200 милијарди долари, Пекинг изрази подготвеност да воведе дополнителни царини од 5 до 25 отсто на 5.207 видови американски прозиводи. Дополнително, би се царинеле покрај сојата и производи од говедско до текстил, преку хемикалии мали авиони и течен земен гас.

„Мислам дека 60 милијарди долари е прилично слаб одговор во споредба со нашите 200 милијарди долари“, потсмешливо изјави Лери Кудлоув, повикувајќи ја Кина „сериозно“ да ја сфати решителноста на американскиот претседател Доналд Трамп „да оди до крај“ за да ја промени кинеската трговска практика којашто ја нарекува „нечесна“.

Советникот на Белата куќа притоа особено остро ги коментираше состојбите во кинеската економија. „Кинеската економија слабее, таа е во пад. Кина во моментов се наоѓа во тешкотии, инвеститорите заминуваат, валутата слабее. Странските вложувачи не сакаат да бидат во Кина“, рече Кудлоув истакнувајќи дека првпат од 2014 година Јапонија ја истуркал Кина од вториот по големина финансиски пазар.

САД и Кина, коишто се меѓусебно зависни на финансиски и на економски план, се на работ од жестока трговска војна, којашто би можела да има последици, како врз нивниот економски раст и да ги погоди потрошувачите во двете земји, така и врз глобалните економски и финансиски текови.

Меѓутоа, имајќи предвид дека се приближуваат американските избори за Конгресот на средината од мандатот, кои се одржуваат во ноември, претседателот Трамп е уште понаклонет да не попушта. На собирот во четвртокот вечерта на своите приврзаници им, кажа дека „Политичарите само констатираат дека другите земји ни ги крадат работните места, ги грабаат нашите богатства и ги земаат бисерите на американската економија. Јас не сум таков политичар. Јас ги исполнувам своите ветувања“, рече.