Свет

вашингтон ја претстави новата безбедносна стратегија Белата куќа: Кина и Русија работат против интересите на САД

Белата куќа: Кина и Русија работат против интересите на САД

Кина и Русија работата на штета на американските интереси, наведува Белата куќа во документот кој ја одредува „Стратегијата за национална безбедност“, чиишто главни насоки подоцна ги претстави американскиот претседател Доналд Трамп.

САД ја претставија новата стратегија за национална безбедност, во којашто нема поголеми изненадувања во смисла на отстапувања од досегашниот курс на Вашингтон. Главните теми, како и претходно, се Кина, Русија, Северна Кореја и Иран и притоа Пекинг и Москва се наведуваат како „главни конкуренти“ а Пјонгјанг и Техеран како „непријателски држави“.

„Кина и Русија им пркосат на моќта, влијанието и интересите на Америка и се обидуваат да ги поткопаат безбедноста на и напредокот на Америка. Кина и Русија сакаат да создадат свет кој е антитеза на вредностите и интересите на Соединетите држави“, се наведува во документот составен на шеесетина страница.

Кина е обвинета дека сака да ги истисне САД од Азиско-пацифичкиот регион. „Русија се обидува да го ослаби американското влијание во светот и да создаде поделби со нашите сојузници и партнери“, се додава во текстот.

Во својот настап, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека споменатата нова стратегија вклучува чекори за решавањето на „новите форми на конфликти“, вклучително и „економската и политичката агресија“. Според него, САД признаваат дека настапила „новата ера на конкуренција“, а главните конкуренти се Русија и Кина.

„Русија и Кина се обидуваат да му се спротистават на американското влијание, вредностите и богатството, но САД ќе се обидат да изградат големо партнерство со овие и со други земји“, рече Трамп.

Документот на Белата куќа е составен според традиционалните препораки од Конгресот и ќе претставува основа за други, подетални стратешки документи. Тој ги вклучува четирите клучни национални интереси: сигурноста на Американците, зголемување на нивната благосостојбата, заштитувањето на светот со помош на сила и промовирањето ан американското влијание. Стратегијата ја подготвуваат Стејт департментот, Пентагон, Министерството за финансии, Бирото на американскиот трговски претставник, Централната разузнавачка агенција (CIA) и други владини агенции.

 

Русија и Кина се главните конкуренти

Зголеменото геополитичко влијание на Русија и Кина, наспроти милитаристичките амбиции на „непријателските држави“ Северна Кореја и Иран или меѓународниот тероризам, се прогласени за главната закана за националната безбедност на САД, произлегува од новата „Стратегија за национална безбедност“.

Кина и Русија во споменатиот документ се споменуваат како „ревизионистички држави“, кои сакат да создадат свет „кој не мора да им одговара на интересите и вредностите на САД““.

„Се соочуваме со три главни комплекси од предизвици: ревизионистичките стремежи на Кина и Русија, непријателските држави Иран и Северна Кореја, и меѓународните терористички организации чијашто цел се активни дејствија против САД“, се истакнува во документот.

Белата куќа укажува дека Кина и Русија влегле во битка со САД за геополитичка доминација, потиснувајќи ги сад во низа области.

„Кина и Русија го враќаат своето влијание во нивните региони и на глобално ниво. Денес тие развиваа воени можности за да можат да го потиснат американскиот приод кон превенција на кризите и да ја оспорат нашата способноста за независни дејствија во невралгичните точки и во сферата на економијата во периодите на владеење на мир. Со тоа те ги ставаат под сомневање нашите геополитички предности и се обидуваат да го изменат меѓународниот поредок во своја полза“, се истакнува до стратешкиот документ на Белта куќа.

Првенствено, САД стравуваат од развојот на Кина и Русија на напредно вооружување, што може да ја загризи безбедноста на Соединетите држави.

„Кина и Русија развиваат напредно оружје и ги зголемуваат капацитетите, што може да ја загрози напата критична инфраструктура и структура на управување“, укажуваат авторите на новата американска стратегија.

Руското нуклеарно оружје останува најзначајната закана за САД, се наведува уште во новата американска безбедносна стратегија.

„Русија инвестира во нови воени капацитети, вклучително и во системите за нуклеарни вооружувања, што останува најголемата од постојните закани за САД“, се наведува во документот објавен во понеделникот на сајтот на Белата куќа. Во него уште се тврди дека Русија „продолжува со однесувањето коешто ги загрозува соседите, вклучувајќи го и разместувањето на своите нуклеарни арсенали и распоредувањето на офанзивното оружје“.

 

Дестабилизација во кибернетичкиот и регионалниот простор

Во документот САД, исто така, ја обвинуваат Русија за инвестирање во „дестабилизирањето на кибернетичкото пространство“, а, исто така, се забележува закана за американската безбедност и во руските обиди „да се поткопа демократијата“ преку медиумите.

„Во моментов, играчите како што е Русија, ги користат информативните алатки, за да ја поткопаат легитимноста на демократските општества. Нашите противници се насочени на медиумите, политичките процеси, финансирањето на социјалните мрежи, добивањето на личните податоци“, се наведува во документот.

„Американскиот јавен и приватен сектор трана да го признаат тоа и да соработуваат, за да го заштитиме нашиот начин на живот. Не може да се дозволи никаква надворешна закана да ја уништи нашата заедничка посветеност на нашите вредности, да го поткопа нашиот систем на управување или да ја подели нашата земја“, се истакнува во документот презентиран од Белата куќа.

Покрај тоа, САД ја обвинуваат Русија дека ги користи методите од Студената војна и го подржува режимот на Куба, којшто, според мислењето на Вашингтон, го угнетува својот народ. „Русија продолжува со својата губитничка стратегија од Студената војна за зајакнување на радикално настроените сојузници на Куба, каде што властите го угнетуваат својот народ“.

Исто така, се тврди дека „Кина и Русија ја поддржуваат диктатурата во Венецуела и се насочени во зајакнувањето на воените врски и зголемување на продажбата на оружје во регионот“. Во документот се наведува и дека „демократските земји на Западната хемисфера се заинтересирани за соочувањата со заканите по нивниот суверенитет“. САД.

САД веруваат дека зголемените воени капацитети на Русија создаваат нестабилност во Евроазија. „Комбинацијата од руските амбиции и зголемените воени капацитети создаваат нестабилност на границите на Евроазија, каде што ризикот од конфликти поради погрешните процени од страна на Русија се зголемува“, се наведува уште во текстот на новата национална стратегија на Белата куќа.

 

Спротивно на американските интереси

Според документот, Русија и Кина за зајакнување на своите позиции на светската сцена не користат само политички и воени инструменти, туку и економски. „Денес САД треба да се натпреваруваат за позитивните односи во светот. Кина и Русија ги насочуваат своите инвестиции за проширување на своето влијание во земјите во развој и за добивање предност пред Соединетите држави“, се вели во текстот на стратегијата.

Како што натаму се истакнува во документот, Русија го остварува економското влијаени преку „контролата над клучните енергетски и други видови инфраструктура во Евроазија и Централна Азија“. Притоа се нагласува дека САД „обезбедуваат инвестиции, алтернативни на јавните инвестиции, коишто често ја влошуваат состојбата во земјите во развој“.

Авторите на стратегијата сметаат дека однесувањето на Русија ги загрозува нејзините соседи, па затоа САД и Европа ќе ја принудат да се воздржи заедно со сојузниците. „САД и Европа заеднички ќе работат на намалувањето на уривачките активности и агресијата на Русија, како и заканите од Северна Кореја и Иран“, се додава во документот.

„Нашите противници нема да се борат со нас под нашите услови. Ние ќе ја подигнеме нашата конкурентност, за да се справиме со оваа задача: да ги заштитиме американските интереси и да ги промовираме нашите вредности“, велат авторите.

Истовремено, и покрај ваквата воинствена реторика, Вашингтон е подготвен да соработува со Пекинг и со Москва во областите од „заемен интерес“.

„Кина и Русија сакаат да го обликуваат светот, спротивно од американските вредности и интереси. Кина се обидува да ги истисне САД од Пацификот, да ги прошири границите на својата држава, да го прекрои регионот преку нов економски модел во своја полза. Русија се стреми да го поврати својот статус на голема држава и да воспостави сфери на влијание на своите граници…. Соединетите држави притоа се подготвени да соработуваат со двете земји во областите коишто се од заемен интерес“, се наведува натаму во документот.

 

„Непријателските држави“ Северна Кореја и Иран

Забележливо е, исто така, што Северна Кореја и Иран речиси во целиот текст од стратегијата на Белата куќа секогаш се споменуваат во ист контекст. Всушност, тие се апострофирани како „главни закани“ за националната безбедност на САД. Иран е прогласен за главниот спонзор на тероризмот и во документот се предупредува од можноста Техеран да ја обнови работата на развојот на нуклеарно оружје. И Северна Кореја, според процените на американската администрација, е во потрага по можности за „убивање милиони Американци“ со помош на нуклеарно оружје.

Поради тоа, во стратегијата на Белата куќа се наведува дека „се развиваат повеќестепени системи на противвоздушна заштита од Северна Кореја и Иран“. Но притоа се истакнува дека тие не се насочени против Русија и Кина.

„Зајакнатите системи за противракетна одбрана не се насочени кон поткопување на стратешката стабилности или поткопување на долгорочните стратешки односи со Русија и со Кина“, наведуваат авторите на стратегијата.

 

Зајакнување на источните граници на НАТО

За спротиставување на „растечкото влијание на Руската Федерација“, САД планираат, исто така, да ја зајакната одбраната на „источното крило на НАТО“ и да им помогнат на сојузниците да се бранат поефикасно.

„На источното крило на НАТО ќе продолжиме со зајакнување на способноста за одвраќање и одбраната и ќе ги интензивираме напорите на нашите сојузници и партнери за подобра заштита“, произлегува од документот.

Се истакнува, исто така, дека САД ќе продолжат да соработуваат со НАТО за зајакнување на капацитетите „во областа на воздухопловството и противракетната одбрана за спротиставување на постојните или проектираните закани од балистички или крстосувачки ракети, особено од Иран“.

„Ќе ја зголемиме соработката во борбата со тероризмот и кибернетичката безбедност (во рамките на НАТО)“, се истакнува во ова поглавје од американската безбедносна стратегија.