Белата куќа нема да инсистира на дводржавно израелско-палестинско решение

куќа

Белата куќа се откажа од досегашната политика за решавањето на изралеско-палестинските судири. Анонимниот функцинер вели дека белата куќа веќе нема да инсистира на решението со две држави, пред средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тоа дводржавно решение со децении и служи на меѓународната заедница како база во обидите за наоѓање на мировен договор за Блискиот исток.  Ставот на САД со децении беше дека Израелците и Палестинците мораат да соработуваат по пат на директни преговори за да се воспостават две соседни земји, така што, на крајот, Палестинците ќе основаат сопствена независна држава.

Но, пред првата службена средба во Овалната соба меѓу Трамп и Нетанјаху, претставник на Белата куќа укажа на откажување од тој принцип, јави Хина.