Белата куќа: Нема докази за изборна кражба

Нема докази за изборна кражба од пошироки размери на претседателските избори што се одржаа на 8. ноември, соопшти денеска Белата куќа.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за време на викендот објави твит во кој тврдеше дека постојат милиони нелегални гласови и кражба на гласови во три сојузни држави.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест не го коментираше твитот на Трамп, но изјави:

– Тоа што можам да го кажам, како објективен факт, е дека нема докази со кои би се потврдило таквото тврдење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.