Белата куќа објави забрана за служење војска за повеќето трансродови лица

Белата куќа објави во петокот вечерта нова политика со којашто им се забранува на повеќето трансродови војници да служат во американската армија.

Претседателот Доналд Трамп ја укина својата претходна одлука за служење на трансродовите лица во војската во полза на „новата политика развиена преку големата студија на високите воени и цивилни челници, вклучително и воените ветерани“, соопшти Белата куќа.

Според новата политика, служењето во армијата е забрането за сите трансродови лица на коишто би можело да им биде потребно медицинско лекување, вклучително и лекови и операции. Меѓутоа, министерот за одбрана и другите функционери од извршната власт може да направат изземања во „одредени ограничени околности“.

Белата куќа наведува дека шефот на Пентагон, Џим Матис, утврдил дека лицата со историја или дијагноза на родова дистрофија претставуваат ризик за воената ефикасност.

Во август минатата година претседателот Трамп потпиша меморандум со кој им забрани на трансродовите лица служење во армијата. Меѓутоа, Пентагон не еше одушевен, а судови ја блокираа таа одлука.