Белата куќа порача дека Тилерсон останува државен секретар

© AP Photo/Sait Serkan Gurbuz

Рекс Тилерсон продолжува да го води Стејт департментот, во моментов нема официјални информации за реконструкција на персоналниот состав на администрацијата, изјави во четвртокот за новинарите портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс одговарајќи на медиумските извештаи за негово заминување од челното место на американската дипломатија.

„Тој е тука, Рекс е тука“, порача Доналд Трамп за новинарите коишто го прашуваа за судбината на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во текот на американскиот претседател со престолонаследник на Бахреин.

Весникот The New York Times и други американски медиуми претходно известија дека Белата куќа во следните седмици планира да го замени Тилерсон со актуелниот директор на Централната разузнавачка агенција (CIA), Мајк Помпео. Според овие информации, водењето на CIA ќе го преземе Том Котон, републиканец од сојузната држава Арканзас.
„Како што претседателот рече, ‘Рекс е тука’. Моментално нема никакви најави за персонални промени. Секретарот Тилерсон продолжува да го води Стејт департментот, а целиот кабинет е концентриран на довршувањето на оваа неверојатно успешна прва година на администрацијата на претседателот Трамп“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Со седмици наназад во американските медиуми се шпекулира дека Трамп е незадоволен со работата на Тилерсон, а во октомври се појавија написи во коишто државниот секретар наводно ја довел во прашање интелигенцијата на претседателот. Тилерсон тогаш на прес-конференција изјави дека не размислува за оставка. Подоцна весникот The Washington Post дека ваквата идеја, наводно дошла од шефот на персоналот на соработниците на Белата куќа, Џон Кели.

Според медиумите, Тилерсон и Трамп не се согласуваат околу клучните надворешнополитички прашања како што се Иран и Северна Кореја. Поранешниот извршен директор на енергетската компанија „Exxon Mobile“ кој своевремено беше и претставник во Русија, помалку се истакнува во јавноста за разлика од претходните државни секретари, а администрацијата на Трамп сѐ уште не именуваше личности на многу клучни места во Стејт департментот.