Белата куќа сака да ја приватизира МВС?

© NASA

Меѓународната вселенска станица (МВС – ISS) би можела да стане приватна, како што сака Белата куќа, којашто објави дека за неколку години не сака повеќе да ја финансира скапата програма на американската агенција за вселенски истражувања NASA, пишува во неделата The Washington Post, идеја којашто инаку не е нова во Вашингтон

Целта е да се приватизира Меѓународната вселенска станица, поставена во ниската орбита на Земјата, со којашто управува американската вселенска агенција и која е развиена заедно со руската вселенска агенција.

Станицата служи за потребите на меѓународниот екипаж, во кој редовно има соработка со европската, јапонската и канадската вселенска агенција, за развој на научните истражувања во Вселената.

Одлуката за завршување на директната федерална поддршка за ISS до 2015 година не значи дека самата станица ќе биде повлечена од орбитата во тој момент, моќно е да продолжи да функционира во рамките на некои иден комерцијален аранжман, пишува во интерниот документ на NASA, на којшто се повикува The Washington Post.

Агенцијата ќе развива сопствени меѓународни и комерцијални партнерства следните седум години за да гарантира постојана присутност и пристап на луѓе во ниската Земјина орбита, се додава во документот.

NASA веќе започна аутсорсинг на некои од операциите, особено при летовите за снабдување коишто досега ги извршуваа компаниите „SpaceX“ и „Orbital ATK“. Оваа тенденција особено се зајакна во текот на мандатот на претходниот американски претседател Барак Обама, кој во последната година од Белата куќа имаше долга прес-конференција на којашто ја презентираше идната американска стратегија за освојување на Вселената.

Се чини, пак, во врска со документот дека станува збор за неодамнешна одлука, бидејќи The Washington Post наведува дека САД веќе потрошиле околу 100 милијарди долари за лансирања и трошоци за функционирање на орбиталната станица.