Белата куќа: Tурското зголемување на царините е разочарувачки потег

Белата куќа го оцени како „разочарувачко“ зголемувањето на турските царини за америкнаска стока, воведени како одговор на барањето за итно пуштање на слобода на американскиот пастор Ендрју Брансон.

Меѓу производите со дополнителни царини се автомобили, алкохол и јаглен, а турската влада наведе дека царините за американски автомобили ќе бидат зголемени за 120 насто, а на алкохолот за 140 проценти.

Во минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука двојно да ги зголеми царините за увоз од Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.