Белата куќа инсистира на продолжување на дијалогот меѓу властите и опозицијата во Украина

Американскиот потпретседател Џо Бајден ја истакнал потребата од продолжување на дијалогот со опозицијата и формирање на нова влада во Киев во телефонски разговор со украинскиот претседател Виктор Јанукович, соопшти „Интерфакс“.

Во разговорот, Бајден истакнал дека единствениот прифатлив пат кон мирот и стабилноста во Украина е продолжувањето на дијалогот и постигнување компромис за формирање на нова влада, што заслужува доверба од страна на украинскиот народ.

Според Бајден првиот чекор кој треба да преземат властите во Украина е да ги повлечат специјалните единици од улиците на украинската престолнина Киев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.