Белата куќа се надева на тесна соработка со идната грчка влада

Белата куќа соопшти денеска дека се надева на блиска соработка со идната грчка влада, пренесе Танјуг.

Во соопштението кое беше објавено откако радикалната левичарска партија СИРИЗА ја однесе победата на изборите и тоа благодарение на тоа што пред се, се противи на острите мерки за штедење Белата куќа наведе:

-И честитаме на Грција на успешно одржаните парламентарни избори и се радуваме на тесната соработка со нејзината следна влада.

СИРИЗА победи со 36, 34 отсто од гласовите или со освоени вкупни 149 од 300 места во парламентот, што претставува само две места помалку од апсолутно мнозинство.

Врз основа на преброените 99, 80 отсто гласови СИРИЗА има за 8, 5 отсто повеќе гласови од конзервативната партија Нова демократија на Самарас, која со 27, 81 отсто гласови освои 76 места во грчкиот парламент.

Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас вчера во рамки на својот победнички говор повтори дека Грција ќе сврти нова страница и дека ќе ги остави зад себе понижувањата и катастрофалните строги мерки за штедење.