Белгиец уапсен во Турција под сомнение дека пронаоѓал цели за ИД

Турската полиција го уапси Ахмет Дахмани, Белгијанец со мароканско потеколо, под сомнение дека пронаоѓал цели за екстремистичката Исламска држава во минатонеделните напади во Париз, при што загинаа 130 луѓе, пренесува МИА.

Дел од турските медиуми објавија дека 26-годишниот Дахмани е уапсен во луксузен хотел во Анталија. Во близина на хотелот уапсени се и двајца Сиријци под сомнение дека ги испратила Исламска Држава од Сирија за да обезбедат безбедно преминување на границата на Дахмани.

Припадниците на турската антитерористичка полиција го следеле Дахмани од моментот кога слетал на аеродромот во Анталија.

Турските власти во средата депортираа осуммина Мароканци, приведени на аеродромот „Кемал Ататурк“ во Истанбул, под сомнение дека се припадници на Исламска Држава, кои планирале да заминат за Германија претставувајќи се како бегалци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.