Белгиецот Ќерими нов ракометар на Металург

Белгискиот репрезентативец Арбер Ќерими е нов член на македонскиот ракометен клуб Металург.

Тој доаѓа од француската екипа Сесон и има 28 години, а игра на позицијата среден бек.

Ќерими пристигна денеска и веднаш отпатува за Маврово каде му се приклучи на тимот на Металург во подготовките за новата сезона.