Белгија е изборот на Аднан Јанузај

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс го искористи својот официјален профил кој го има на познатата социјална мрежа твитер за да се пофали дека во иднина на расплагање ќе ги има и услугите на најголемиот талент во редовите на актуелниот шампион на Англија- тимот на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај.

„Добив и официјална потврда дека Аднан Јанузај ќе настапува за Белгија до крајот на неговата кариера. Тоа е одлична вест за сите во нашиот фудбал“, напиша белгискиот селектор Марк Вилмотс на својот твитер-профил.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед веќе доби покана за да настапува за репрезентациите на Англија, Србија, Хрватска и Косово, но крилниот напаѓач на крај се одлучи за репрезентацијата на Белгија.