Белгија гази се пред себе

Репрезентативците на Белгија ја запишаа и третата победа во групната фаза откако сосема залсужено со минимални 1:0 ја победија и ја елиминираа селекцијата на Јужна Кореја.

Освоените три бода добија уште повеќе на значење затоа што истите се освоени со играч помалку.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 78 минута беше дело на фудбалерот на Тотенхем, Јан Вертонген, а директен црвен картон во 45 минута доби фудбалерот на Порто, Стивен Дефур.

“Не нападнаа од сите страни, но оставија простор на својата половина. Јас скористивме таквата ситуација. Белгија има многу силна клупа со резервни фудбалери. Секој фудбалер дава се од себе, дава 100% од своите можности. Да, победата е на прво место, но мене најмногу ми се допадна борбениот дух, одлучноста да се добие овој натпревар. Имаме победнички менталитет и мора да го искористиме и во следниот натпревар. Повторно вистинските играч влегоа во игра, мојот тим доби на квалитет и заслужено ги освои сите три бода”, изјави по натпреварот селекторот на Белгија, Марк Вилмотс.