Белгија ги затвори дипломатските претставништва во Турција

Белгија денеска ги затвори своите дипломатски претставништва во Турција, пренесе МИА, повикувајќи се на турската телевизија НТВ.

Дипломатски извори соопштија дека одлуката за затворање на главниот конзулат на Белгија во Истанбул и на нејзините дипломатски претставништва во престолнината Анкара била донесена по денешните атентати во Брисел.

Претставништвата на оваа европска држава во Турција нема да работат денеска и утре.

Телевизијата НТВ информира дека турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска откажала два лета за Брисел, а авионите кои полетале од Турција за белгиската престолнина по атентатите биле пренасочени кон Амстердам.

Авиокомпанијата соопшти дека до 24 март нема да продава билети за патувања од Истанбул за Брисел.