Белгија го испорача Абдеслам во Франција

Салах Абдеслам, гланиот осомничен за нападите во Париз од 13-ти ноемри минатата година, денес е испорачан во Франција,  соопшти белгиското обинителство, пренесува „Танјуг“.

Во Франција Абдеслам се товари дека бил главен организатор на нападите во кои загинаа 130 лица.

Во врска со нападите врз Париз од 13-ти ноември 2015-тата година Салах Абдеслам утрово им е предаден на француските власти, наведува белгиското обвинителство во соопштението.

Инаку, полицијата во Белгија го обвини Абдеслам за престрелка со полицијата за време на неговото апсење, неколку дена пред бриселските напади, јавува „Дејли Експрес“.

Во пресметката едно лице било убиено, а четворица полицајци биле повредени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.