Белгија ќе бомбардира позиции на Исламска држава

Белгискиот премиер Шарл Мишел денеска изјави дека земјата повторно ќе испрати авиони ловци Ф 16 против екстремистичката Исламска држава.

– Во рамки на договорот со Холандија, повторно ќе започнеме мисија, за тоа ќе имаме дебата во Парламентот, а Владата ќе одлучи дали постои можност за проширување на мисијата, истакна Мишел на зедничка прес-конференција со американскиот државен секретар Џон Кери.