Свет

Белгија ќе бара екстрадиција на уапсениот во Грција

Белгија ќе бара екстрадиција на уапсениот во Грција

Белгија ќе бара екстрадиција на осомничениот за тероризам, кој е уапсен во Грција, соопшти федералниот белгиски обвинител.

Од двајцата осомничени, кои се уапсени, еден би можел да биде поврзан со џихадистичка келија, која порано оваа седмица ја открија белгиските сили за безбедност, наведе портпаролот на обвинителството Тиери Вертс.

Тој, меѓутоа, одби да ги коментира шпекулациите дека лидерот на келијата е еден од завчера уапсените во Атина.

Белгиските служби за безбедност извршија оваа седмица обемна антитерористичка операција во која двајца осомничени се убиени, а поголем број лица уапсени.