Белгија подготвена за фудбалската војна против САД

Денеска ќе се одигра и последниот 1/8 финален дуел на јубилејното 20. Светско првенство, дуелот помеѓу репрезентациите на Белгија и САД.

Претставникот на Европа запиша три победи во групната фаза, но избраниците на Марк Вилмотс се уште не го покажале вистинското лице, особено најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Белгија, Еден Азард кој се уште се нема запишано во листата на стрелци.

Големи очекувања има и селекторот на САД, Јирген Клинсман кој е убеден дека неговата репрезентација може да слави во 1/8 финалниот дуел против фаворизираната селекција на Белгија.

“САД обезбеди пласман во следната рунда иако беше дел од една многу тешка група. Сите репрезентации кои обезбедија пласман во 1/8 финалната рунда заслужено постигнаа успех во своите групи. Според мене, шансите за успех се 50-50, иако има такви кои постојано повторуваат дека Белгија е фаворит и во овој натпрева. Јас немам никаква замерка кога се во прашање климатските услови, се ќе биде како што треба. Главното оружје на противникот е нивната психичка подготвеност. Очекувам фудбалска војна за секоја топка, на секој дел од теренор”, изјави предводникот на Белгија, Марк Вилмотс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.