Белгија привремено излезе од шенген зоната

Белгија привремено излезе од шенген зоната
Белгија привремено излезе од шенген зоната

Белгија денеска соопшти дека привремено ќе воспостави контрола на границата со Франција со цел да се справи со евентуалниот бран мигранти по евакуирањето на кампот познат како Џунгла, во близина на францускиот град Кале.

– Ја информираме Европската комисија дека привремено излегуваме од шенгенот, изјави шефот на белгиската дипломатија Јан Јамбон.

Белгиските власти неколку недели стравуваат од пристигнување на мигранти од пристаништето Зербрјуге, откаде тргнуваат фериботите за Велика Британија.

– Ние по секоја цена сакаме да избегнеме шаторски кампови како тие во Кале. Тое е прашање на одржување на јавниот ред, посочи Јамбон.

Француското Министерство за внатрешни работи нареди вчера евакуација на така наречениот камп Џунгла, но поради отпор од бегалците и невладините организации, одлуката е пролонгирана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.