Свет

Белгија со засилени безбедносни мерки по убиствата во Еврејскиот музеј

Белгија со засилени безбедносни мерки по убиствата во Еврејскиот музеј

Белгиските власти соопштија дека се засилени безбедносните мерки откако три лица загинале а еден е тешко повреден откако бил отворен оган на Еврејскиот музеј во Брисел.
Полицијата уапси еден осомничен кој бил на местото на настанот и за момент набљудувал. Очевидци јавија дека непознато лице влегло во музејот, пукало неселективно, а потоа побегнало со автомобил. Министерот за внатрешни работи Жоел Милке рече дека антитерористичките мерки се засилени.

Премиерот Елио Ди Рупo изрази поддршка за еврејската заедница. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро го осуди убиството, велејќи дека тоа е “резултат на бескрајни поттикнувања на омразата кон Евреите и нивната држава.” Инцидентот се случил еден ден пред Белгијците да излезат на гласање за националните избори и за изборите за Европскиот парламент.