Белгија убедлива против солидниот Тунис

Фудбалерите на Белгија во второто голо од Групата Г од Светското првенство во Москва го совладаа Тунис во најефикасниот натпревар досега на турнирот со 5:2 (3:1) и практични се пласираа во осминафиналето.

Двојни стрелци за Белгија беа Еден Зара во 6 минута од пенал и во 51 минута и Ромелу Лукаку, во 16 и третата минута од судиското продолжение а во 90 минута по неколку нереализирани шанси прецизен беше и резервистот Митшу Батшуеји. За Тунис, пак, погодија Дилан Брон во 18 и Ваби Казри во втората минута од судиското продолжение.

Ова беше отворен натпревар во кој Белгија демонстрираше зашто фигурира како еден од фаворите за највисок пласман на мундијалот, Тунижаните ја платија цената на отворената игра и големиот број загубени топки кои белгиските играчи ги претвораа во шанси и погодоци.

Белгија поведе веќе во 6 минута кога во шеснаесетникот на Тунис беше соборен од Бен Јусеф, и самиот го изведе пеналот. Азар по седум минути можеше уште еднаш да се запише во листата на стрелците, но од пет метри лошо биеше. Сепак Белгијците во 16 минута го удвоија водството откако Азар го проигра Лукаку кој влета во казнениот простор и пласираше под голманот Бен Мустафа. Одличното отворање на дуелот го надополнија Тунижаните кои во 18 минута намалија на 1:2, откако Казраи нафрли од слободен удар а Брон со глава ја смести топката во белгискиот гол. Во самиот крај на првиот дел Мениер му украде топка на Малалу која потоа дојде до Лукаку кој го префрли истрчаниот туниски голман за 3:1. За одбележување е дека Тунис, како и во првиот меч од мундијалот, немаше среќа со повредите, па од игра мораа да излезат дури двајца играчи, стрелецот Брон и Бен Јусеф кои беа изнесени од тревникот.

Белгијците идентично го отворија и второто полувреме и зголемија на 4:1 во 51 минута, откако Тунижаните на средината од теренот загубија уште една топка, по што Алдервеилде го послужи Азар кој го мина голманот и лесно пласираше. Во 76 минута штотуку влезениот Батшуаи го мина и тунискиот голман но слабо шутираше кон празната мрежа па Мериа одби во поле од гол-линија. Сепак по четирите пропуштени шанси Батшуаи на додавање од Тилеманс постигна гол во 90 минута, а набрзо потоа беше себичен и не му возврати на асистентот па упропасти изгледна прилика. Во втората минута од судиското продолжение Тунижаните уште еднаш со глава преку Казби го совладаа Куртоа.

Белгијците сега имаат 6 бодови и гол разлика 8:2, а потврдата на нивниот пласман во осминафиналето може да дојде уште во недела кога во рамките од второто коло од оваа група се среќаваат Панама и Англија. Тунис го забележа вториот пораз и шансите за минување ги сведе речиси на нула.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.