петок, 27 јануари 2017  |  Вести денес: 8

Белгија, Велика Британија и Франција ќе вршат заеднички проверки на патниците на меѓународните возови

Белгија, Велика Британија и Франција постигнаа синоќа спогодба за создавање работна група, која ќе го подготви воведувањето заеднички проверки на патниците на меѓународните возови меѓу трите држави, јавуваат белгиски медиуми и додаваат дека работата на групата ќе заврши до март.

возови

Поврзани вести

Првенствено идентитетот на патниците со возовите, кои го поврзуваат Брисел со Лондон и Амстердам ќе биде проверуван во заедничката база на податоци.

Европската унија веќе го воведе системот за складирање и обработка на податоци за патниците во авионите. Новата одлука на белгиските, француските и британските власти е своевидно проширување на тој систем.

Целта на проверките на патниците во возовите е мерка во борбата против тероризмот.

Најчитани вести