Белгија во целосна блокада поради генерален штрајк

Белгија се очекува денеска да биде целосно блокирана поради генерален штрајк. Тоа ќе биде кулминација на бранот штрајкови што почнаа пред еден месец во неколку региони во државата, пренесува МИА.

Протестот е насочен против одлуките на Владата за зголемување на даноците и возраста за пензионирање како и поради недостигот од одлуки за кратење на приходите на богатите.

Се очекува целосно да биде блокирано одвивањето на градскиот транспорт, железницата и аеродромите. Ќе штрајкуваат и во болниците и во училиштата, нема да работат маркетите за храна, ниту детските градинки.

По повик на вработените во транспортот со камиони, веројатно ќе бидат прекинати приодите кон сите патишта кон Белгија.

Бранот штрајкови почна во октомври кога штрајкуваа полицајците и кулминација беше на 7 ноември во Брисел кога штрајкуваа над 120.000 луѓе. Тогаш имаше 36 повредени и над 30 уапсени. Десетици автомобили беа опожарени. Настанот беше оценет како најтешки немири во изминатите 30 години во Белгија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.