Свет

Белгија воведува гранична контрола по 19 години

Белгија воведува гранична контрола по 19 години

Првпат по 19 години Белгија воведува гранична контрола во Шенген зоната.

Мерката е воведена пред утрешната дводневна средба во Брисел на шефовите на држави или влади на Г-7 и предвидува контрола на копнените граници, на аеродромите и пристаништата.

Проверките нема да бидат систематски и ќе бидат спроведувани единствено врз основа на податоци на полицијата и службите за безбедност, информирале од белгиското Министерство за внатрешни работи.

Се очекува во обезбедувањето на дводневнот самит во Брисел да учествуваат три илјади белгиски полицајци.