Белгијците сами решаваат што ќе пишува на нивните регистерските таблички

За само една недела Белгија на брз и едноставен начин собра речиси милион евра и ја наполни државната каса, откако дозволи возачите да ја персонализираат својата автомобилска регистерска табличка.

За оваа можност, што стапи во сила на 31 март, заинтересираните плаќаат дополнително. Досега веќе 1.000 лица платија по 1.000 евра за да можат да си ја одберат комбинацијата од букви и бројки, што би сакале да им фигурираат на нивните автомобилски таблички.

Дозволени се сите можни варијанти, со исклучок на зборови од ксенофобиска или расистичка природа или навредливи квалификации.

Првите Белгијци кои ја искористија оваа можност побараа на нивните регистерски таблички да фигурираат, на пример, шеговити зборови или едноставно е напишано нивното име, додека на некои таблички има само еден или два симбола од деветте можни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.