ТОП

Белгиската истрага потврди: Нападите врз Брисел биле „план Б“

Белгиската истрага потврди: Нападите врз Брисел биле „план Б“

Осомничените за терористичките напади во Брисел од 22-ри март планирале да изведат уште еден напад врз Париз, но во последен момент се одлучиле да „удрат“ поблиску овој пат, јавуваат белгиските истражни органи, пренесува Раша Тудеј.

Неколкумина од осомничените за планирањето и извршувањето на нападите во Париз од ноември минатата година, во кои загинаа 130 лица, живееле во Белгија, меѓу кои и главните осомничени Салах Абдеслам и Мухамед Абрини.

Абрини беше уапсен во петокот откако повеќе од пет месеци беше во бегство и самиот признал дека учествувал во нападите во Брисел, во кои што загинаа 32 лица.

Голем број елементи од истрагата покажаа дека терористичката група првично планирала повторно да зиврши напад во Франција, вели федералниот обвинител во изјавата.

Сепак, напаѓачите се одлучиле да го изведат нападот во главниот град на Белгија откако истрагата почнала да им се приближува, со оглед на тоа што Абдеслам беше уапсен само неколку дена пред нападите.

Изненадени од брзината на прогресот на истрагата, тие донеле одлука да удрат во Брисел, се вели во соопштението.