Белгиската полиција пронашла бомба и знаме на ИД

Белгиската полиција пронашла денеска бомба и знаме на т.н. Исламска држава за време на претресот на една куќа во бриселското предградие Шебек, јави телевизијата ВРТ, пренесува Танјуг.

Порталот „Конфликт њуз“ јави дека се пронајдени и хемиски средства и експлозивна направа.

Белгискиот премиер Шарл Мишел на прес-конференцијата соопшти дека полицијата врши рации на неколку локации по денешните терористички напади.