Белгиски министри понудиле оставка по нападите во Брисел

Министрите за внатрешни работи и за правда понудиле оставка по нападите на Брисел, но биле одбиени од страна на белгискиот премиер Шарл Мишел, јавува Ројтрес, повикувајќи се на белгиските медиуими.

Министерот за внатрешни работи Јан Јамбон и министерот за правда Коен Жин не дале коментар за овие информации.

Инаку белгиските власти се соочуваат со невиден скандал откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера посочи дека Анкара го екстрадириала назад во Европа Ибрахим Ел Бакруи, бомбашот што се разнесе на аеродоромот Завентем и ја предупредила Белгија дека станува збор за милитант на ИД.

Белгија го игнорираше нашето предупредување дека станува збор за странски борец, рече Ердоган.

Повеќе за ова на следниот линк.