Свет

Белгискиот министер за транспорт поднесе оставка

Белгискиот министер за транспорт поднесе оставка
Белгискиот министер за транспорт поднесе оставка

Белгискиот министер за транспорт Жаклин Галан денеска поднесе оставка на функцијата, под притисок на острите критики од опозицијата и домашните медиуми дека пред терористоичките напади минатиот месец, ги игнорирала пропустите во безбедноста на аеродромот во Брисел.

Опозициските партии почнаа со барањата за оставка, откако беше обелоденето дека во еден доверлив материјал на ЕУ од 2015 година, на белгиската влада и на Министерството за транспорт им се забележува за „слабите безбедносни мерки“ на аеродромите во Белгија.

Министерката неколку недели ги отфрлаше критиките, но денеска, сепак, одлучи да се повлече од функцијата.

Во терористичките напади на 22 март на аеродромот Завентем и во метро станица во Брисел, што го изведоа џихадисти на групата Исламска држава, загинаа 32 лица