Белгискиот парламент евакуиран поради закана за бомба

Старата зграда на сојузниот Парламент во Брисел е евакуирана утринава поради пријава дека во неа има поставено бомба.

Влезот во зградата го контролира полицијата, додека специјални екипи со помош на кучиња-трагачи ја пребаруваат внатрешноста на објектот, кој главно се користи за приеми и слични церемонии.

Властите засега не соопштиле никакви детали за начинот како ја добиле информацијата за бомба, ниту до кога зградата ќе биде блокирана, пренесува МИА.