Белгискиот политичар пронајден мртов

Белгискиот политичар Стеве Стеверт (60) е пронајден мртов во еден канал, само неколку часа откако е објавено дека е обвинет за силување.

Стеверт е поранешен лидер на фламанската Социјалдемократска партија, а претходно бил градоначалник на градот Хаселт и гувернер на провинцијата.

Белгиските медиуми тврдат дека Стеверт извршил самоубиство, фрлајќи се во длабокиот канал затоа што кај него е пронајдено проштално писмо.

Мртвото тело на политичарот било пронајдено во каналот, до градот каде едно време бил градоначалник. Полицијата потврди дека покрај каналот бил оставен и неговиот велосипед.

Случајот со силувањето се појави уште во 2010 година, но жената која го покрена обвинувањето за тоа не зборувала се до 2013 година. Обвинителство на Белгија го обвини Стеверт за силување и за сексуално насилство, но тој од почетокот на целиот случај категорично демантирал дека сторил кривично дело, инсистирајќи дека за ништо не е виновен. Тој признавал дека имал сексуална врска со жената, но демантираше дека станува збор за силување. Стеве Стеверт се запознал со жената, после една телевизиска емисија во која двајцата учествувале.