Белгиските разузнавачки служби тврдат дека ИД пратила уште џихадисти во Европа

Белгиската служба за оценка на заканите, која раководи со целиот национален систем за безбедност и разузнавање, официјално соопшти дека Исламска држава испратила уште џихадисти во Европа, пренесе МИА.

Според Службата, дел од џихадистите биле насочени кон Белгија. Засега нивото на закани за напади во земјата е на третиот, претпоследен степен. Тоа значи дека нападите се „можни и веројатни“.

Изминатите денови локалните медиуми јавија дека во Белгија и веројатно во Брисел се вратил Јонес Абауд, брат на Абделхамид Абауд, „мозокот“ на терористичките напади во Париз во ноември минатата година.

Јонес Абауд имал за цел да го одмазди својот брат, кој загина во операција на француските специјални сили во париското предградие Сен Дени.

Белгиското обвинителство вчера потврди дека открило трага дека Јонес е повторно во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.