Белград: Дете погодено од струен удар во зоолошка градина

Дете било погодено од струја со низок напон од заштитната ограда на кафезите во Зоолошката градина во Белград, пишува српски „Курир“.

Детето претпрело благ шок, но за среќа не е повредено, а родителите и посетителите во  зоолошката градина биле видно вознемирени од инцидентот што се случил вчера.

Инаку од управата на Зоолошката градина велат дека овој инцидент не бил пријавен до нив, а дека станува збор за струја со низок напон, што минува низ внатрешната страна на кафезите со опасни животни и служи за да ги одбие животните да научат да не се приближуваат до оградата поради безбедноста на посетителите.

Оттаму велат дека детето можело да добие струен удар само ако ја ставило раката во кафезот.