Белград е седми најевтин град во Европа за млади патници

Белград е на седмо место на најевтини европски градови за млади патници со скромни буџети, според анализата на американската медиумска куќа Еј-Би-Си њуз.

Споредувајќи цени на ноќевање во хостел, три оброка и две карти во градски превоз дневно, Еј Би Си ја состави листата за млади најприступачни европски градови, на чие чело се наоѓа Букурешт.

„Најевтин европски град е Букурешт кој не е најубав романски град, но во него дневно може да се помине со 23,38 долари,“ наведува американската телевизија.

На второ местo е бугарската престолнина Софија која е оценета како пријатен град кој пружа добредојде на странските туристи, каде што доволни се 24, 43 долари.

Трет најевтин град е полски Краков, кој според Еј-Би-Си треба да се посети пред побарувачката да ги поскапе цените како во Прага и Будимпешта. Во Краков денот можете да го поминете со 25.06 долари.

Следен на листата е Сараево, каде што дневните трошоци се од 25 до 26 долари во кои се вклучени „евтините локални пива“ наведува Еј-Би-Си додавајќи дека Сараево е убав град кој се обидува да привлече туристи.

На последно место на листата е словачката престолнина Братислава до која речиси може да се стигне пешки од Виена, а во која денот може да се помине со 40,79 долари.

Скопје не се наоѓа на оваа листа.