Белград е втор најнебезбеден град во Европа

Белград е втор најнебезбеден град во Европа
Белград е втор најнебезбеден град во Европа

Белград е втор најнебезбеден град во Европа, покажуваат резултатите од најновото истражување кое го спроведе “Мерсер“, една од најголемите хрватски консултативни фирми, која секоја година истражува кои се најнебезбедни градови во светот.

Како што се наведува, безбедноста се рангира во односот на другите земји, внатрешната стабилност, криминалот и спроведувањето на законот.

Од 450 земји кои учествувале во истражувањето, оваа фирма ја направи листата од 230 најсигурните градови во светот.

Оваа е листата на 17 најнесигури градови во Европа:

17. Милано ( Италија)

Се најде на ова место откако ФБИ предупреди дека Базиликата Св.Петар, Доумо и Ла Скала ќе бидат под напад на терористички напад.

16. Барселона( Шпанија)

На лош глас е поради големиот број на кражби на автомобили, а уште ја нарекуваат и “престолнина на џепџии“.

15.Балфаст (Северна Ирска)

Има релативно ниска стапка на кривични дела во однос на другите градови во Северна Ирска. Меѓутоа процентот на луѓето што живеат во сиромаштија е најголем во Балфаст, што и штети на социјалната стабилност и влијае на зголемувањето на ситниот криминал.

14. Талин (Естонија)

Стапката на насилен криминал во овој град е релативно ниска, но се наоѓа на листата за дрога и за трговија со луѓе.

13. Варшава (Полска)

Има една од најниските стапки на криминал во земјата, ама заради бројот на политичките протести кои се одржуваат во Полска се најде на ова листа.

12. Париз (Франција)

Рангиран поради терористичките напади во кои се убиени 130 луиѓе и повредени неколку стотини.

11. Лондон(Велика Британија)

Инцидентите и нападите во Европа го следат и квалитетот на животот на странците, па поради тоа се нашол на листата.

10. Букурешт (Романија)

Не е толку познат по организиран криминал, ама е на листата поради широко распространетата корупција и ситниот криминал.

9. Загреб (Хрватска)

Се најде на листата поради корупцијата.

8. Рига(Летонија)

На ова место е поради развиен организиран криминал и проституција.

7. Рим(Италија)

Овој град се најде на листата поради терористичките напади кои се слични со пукањето во Париз во ноември минатата година.

6. Мадрид(Шпанија)

Се најде на листата поради мерката на штедење која доведе до голема стапка на невработеност, особено меѓу помладите.

5. Будимпешта(Унгарија)

На листата е поради масовното зголемување на социјални немири во градот после кризата со бегалците. Неколку пати се случи хаос на железничките станици, а исто така и протести на улиците кога премиерот на земјата, Виктор Орбан сакаше да ги сопре мигрантите во и низ земјата.

4. Софија(Бугарија)

Препознатлива по социјалните немири. Бугарија е најсиромашна членка на Европската унија, луѓето постојано протестираат против владата поради пензиите и корупцијата.

3. Атина(Грција)

После долготрајните мерки на штедење, сиромаштијата и криминалот Атина се најде на оваа листа. Зголемувањето на демонстрациите и мигрантите ја намалија безбедноста во овој град.

2. Белград(Србија)

Го завзема второто место поради корупцијата, како и кражбите и вандализмот.

1. Киев (Украина)

Се најде на првото место поради континуираните граѓанските немири и неговиот однос со Русија. Киев е полн со кражби и насилни протести во кои се убиени и повредени повеќе стотини лица.