Спорт

Белград: Едно лице е повредено во пресметка помеѓу навивачи

Белград: Едно лице е повредено во пресметка помеѓу навивачи

Група навивачи на Партизан и Црвена ѕвезда се судриле вчера попладне во Белград. Српскиот весник „Блиц“ пишува дека во инцидентот бил повреден навивачот на Црвена ѕвезда М.Н. (21), а полицијата веднаш по судирот привела повеќе осомничени.

До судирот дошло во паркот Автокоманда. Навивачите на Ѕвезда се враќале од натпреварот помеѓу Рад и Црвена ѕвезда, а навивачите на Партизан тргнале на стадионот на Партизан каде во 16.30 часот се играше мечот со ОФК Белград.

-Настана општ метеж, а за време на инцидентот одекнуваа и истрели од пиштол. За среќа никој не е погоден, а еден навивач е пренесен во болница со повеќе посекотини, велат очевидци.

Полицијата веднаш реагирала, а учесниците во тепачката се обидувале да избегаат од местото.

– Во еден од контејнерите полицијата пронашла пиштол кој бил користен во тепачката, а веднаш потоа биле пронајдени и чаури. Приведени се поголем број од учесниците, а меѓу нив и оној што пукал со пиштолот, велат од полиција.