Белград и Приштина не постигнаа договор за телекомуникациите

По 15-часовни прегооври во рамките на техничкиот дијалог, претставниците на Белград и Приштина не успеаја да постигнат договор за клучните прашања во врска со телекомуникациите, јави Танјуг.

Преговорите за оваа тема траеле до ноќеска до еден часот по полноќ, при што е договорено тие да продолжат идниот понеделник, во пресрет на средбата на премиерите на Косово и Србија во Брисел, закажана за 23 јуни.

Главни спорни точки биле повикувачкиот број за Косово, тарифите и интерконекцијата.

Преговори меѓу Белград и Приштина на техничко ниво ќе се одржат и денеска, но тема на нив ќе биде формирањето на Заедницата на српски општини. Преговори за оваа тема се очекува да траат до четврток, кога на дневен ред пред преговарачите ќе бидат прашања од сферата на енергетиката.