Балкан

Белград: Србите треба да имаат кандидат за претседател на Косово

Белград: Србите треба да имаат кандидат за претседател на Косово
Белград: Србите треба да имаат кандидат за претседател на Косово

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при Владата на Србија, Марко Ѓуриќ изјави дека косовските Срби треба да имаат свој кандидат за претседател на Косово.

– Ние ги советувавме претставниците на Српската листа да имаат свој кандидат. Сметам дека тоа би била одлука во интерес на Србите и доколку Србите немаат свој кандидат не е реално да го подржат Хашим Тачи – изјави Ѓуриќ.

Како што јави дописникот на МИА, тој додаде дека не верува во вистината на политичките проблеми и „политичкиот хаос“ во Приштина.

– Веруваме дека определени елементи внатре во партиите прават политичка игра за власт. Ние во тоа не гледаме интерес за српскиот народ -нагласи тој.

Минатата недела пратеникпт на Српската листа и лидер на Прогресивната демократска партија, Ненад Рашиќ за РТВ Дукаѓини изјави дека коалицијата на партиите косовските Срби ќе има свој кандидат за претседател на Косово и оти тоа ќе биде жена која „ужива голем углед меѓу Србите“.

– Она што можам да потврдам е тоа дека кандидат за претседател ќе биде Винка Радосављевиќ. Таа е од Клин. Не е политичка личност. Таа е жена со голем авторитет кај српската заедница во Косово – додаде Рашиќ.

Винка Радосављевиќ е началник на Пеќката околија. Таа е дипломиран економист, а пред да дојде на актуелната фуниција била професор во училиште во Водања, кај Клин. За кандидатурата потребно е потписи на 30 пратеници.

Според изборниот законик за избор на шеф на државата потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 гласови на пратениците во косовскиот Парламент.

Врз основа на договорот за формирање на актуелната Влада, оваа функција треба да ја добие Тачи. Премиерот Иса Мустафа, кој е лидер на Демократскиот сојуз на Косово, неколкупати изјави дека договорот ќе се почитува и оти Тачи ќе биде новиот косовски претседател.

Мустафа најави дека изброт ќе се одржи до крајот на февруари, иако опозицијата која најавува блокада на Парламетот при гласањето за нов претседател.