Хаос во центарот на Белград: Се судрија трамвај и два автомобили

Кај храмот Свети Сава утрово се судриле трамвај и два автомобили. Во несреќата три лица се здобиле со полесни телесни повреди, јавува Танјуг.

Несреќата се случила утрово нешто по седум часот. Како што јавува српското МВР, со полесни телесни повреди се здобиле двајцата возачи и совозачот во еден од автомобилите.

Белградските медиуми пренесуваат дека сообвраќајот во тој дел од градот е во хаос, поради несреќата. Сообраќајот е блокиран речиси на сите улици околу Славија, а гужви има и во целото централно подрачје на српската престолнина, наведуваат медиумите.