Белград: Уапсени 15 сообраќајни полицајци за мито

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ соопшти дека се уапсени 15 сообраќајни полицајци во групата од вкупно 46 уапсени лица, пренесе МИА.

Стефановиќ објасни дека лицата се уапсени поради сомнение дека извршиле кривично дело примање и давање мито, и додаде, дека се уапсени уште неколкумина поради различни кривични дела, главно за злоупотреба на службената должност и проневера на пари.

Во големата ација за апсење, како што рече српскиот министер кој е во технички мандат, уапсени се вкупно 46 лица осомничени за економски криминал и перење на пари.

Стефановиќ нагласи дека уапсените се товарат за оштета на буџетот на Србија, Војводина и повеќе општини во Србија за седум милиони евра.