Белградската ЗОО доби младенче од извонредно редок бел бизон

Белградската зоолошка градини забележа оваа седмица еден настан кој е извонредно редок во светот кога женка од американски бизон окотила бело младенче.

Белото теле од американскиот бизон претставува вистинска реткост и според тврдењата на стручњаците се случува во просек само на 10 милиони младенчиња се случува едно да биде со бела боја.

Бидејќи младенчето бизон на свет дошло на православниот христијански празник Задушници или Духови, го добило името Душанка.

Поради природната реткост темните американски бизони да добијат бело младенче, северноамериканските Индијанци ги сметале за свети животни.

Белградските медиуми наведуваат дека има и „цела легенда за белиот бизон којашто потекнува од племето Лакот Сиукс“, како и дека поврзано со неа постои пророштво за тоа што во иднина ќе донесе раѓањето на вакво животно.

Легендата вели дека пред многу години седумте најстари и најпочитувани членовите на племето Логото се собрале и направиле логор, но била голема суша и немало лов, па племето гладувало. Племенскиот совет одлучил да испрати двајца најдобри ловци во Јужна Дакота во потрага по храна, но попатно ги сретнала млада жена, облечена во бело и порачала: „Вратете се кај својот народ и најавете му го моето доаѓање“.

Потоа таа на индијанскиот народ Лакота „со помош на светото луле му покажала дека сите работи се поврзани и им ги открила сите мистерии на земјата и ги научила да се молат и да го следат вистинскиот пат во живото на земјата“.

Легендата уште вели дека таа на земјата се прикажала уште четири пати, секогаш менувајќи ја бојата, за на крајот да се врати во облик на бел бизон, а потоа засекогаш исчезната, но нејзиното заминување било проследено со доаѓање на мноштво бизони кои ги опкружиле племето Лакота. Од тогаш народот Лакота Сиукс го почитувал своето свето луле за секогаш да има многу бизони кои значеле и опстанок на овој индијански народ.

Белите бизони, исто така, се сметаат и за симбол на изобилство, а нивното раѓање недвосмислено е уважувано како свет и пророчки знак, кој подоцна го толкувал секој племенски шаман. Белите бизони, според домородното предание на северноамериканските Индијаци, се раѓаат на најнеобичните места на планетата, а често и меѓу најсиромашните нации на светот.

Раѓањето на реткото животно, според преданијата на многу народи ширум планетата Земја, се смета за добар знак, симбол на надеж и чистотија на умот.