Белградски тренд: Малолетнички се натпреваруваат во голотија на Фејсбук

На социјалните мрежи ширум Србија, најпопуларните девочиња, кои имаат само по 13 или 14 години, за својата популарност се борат со експлицитни фотографии.

Најновиот тренд на соцјалните мрежи, што за српски Курир го потврдија и директорите на основните училишта и социолозите, се шири како епидемија. Девојчињата испраќаат свои голи фотографии преку кои го покажуваат нивното „распашано“ однесување. Што повеќе разголени фотографии имаат, толку повеќе луѓе ги следат на Фејсбук, а со тоа ги повикуваат и другите девојчиња да го прават истото и да споредлуваат фотографии.

Една од најпопуларните девојчиња која има повеќе од 5.000 пријатели и само 14 години, се нарекува сама себе „ку.вобранителка“ и секојдневно поставува провокативни фотографии и видео-записи. Она што е алармантно е што покрај малолетните момчиња, овие фотографии се коментирани и од повозрасни мажи кои отворено и даваат понуди за секс.

milica-popov-foto-facebook-1421064185-607066

„Една од овие девојки го посетува нашето училиште. Се обидовме да разговараме со нејзините родители, но тие не прекорија со зборовите „Што ве интересира вас што прави моето дете по училишните часови“. Ние сме должни секое девијантно однесување на дете да го пријавиме. Еден таков случај пријавивме и во Центарот за социјални работи, но ништо не се случи. Не знам повеќе што треба тие деца да направат за да одговараат нивните родители“, вели директорот на едно белградско основно училиште.

Таа по пат на Фејсбук ги повикува сите заинтересирани да ја запознаат и да се дружат со неа, а неодмна на социјалните мрежи се појави и нејзина реклама во која е многу оскудно облечена.