Белграѓани во паника: Птиците им носат змии и глувци дома

Птиците во Белград секојдневно својот плен го носат во домовите на граѓаните, пишуваат српските медиуми.

Граѓаните кои живеат во Нов Белград се жалат дека не можат да отворат прозорец, бидејќи птиците постојано им носат дома по некој глушец или змија.

– Секој ден гледам јастреби како го носат својот плен на мојата тераса. Уште  полошо е тоа што не можам да  оставам отворен прозорец за да не ми влезат во соба, изјавил еден српски читател.

Српскиот биолог, Марко Туцаков, ги советува граѓаните кои имаат вакви проблеми да  постават пречки од кои птиците не би можеле да слетаат на терасата.

 

– Можете  да  поставите  кутии или даски, нешто што не би го загрозило животот на птиците – додава Туцаков.